Гаши: Интерпелацијата против мене ќе биде прва на дневен ред, иако не е политички издржана

од Илинка Илиоска
90 прегледи

Африм Гаши, претседателот на Собранието на неговиот прв брифинг со новинарите, рече дека на седницата на 3 септември прва на дневен ред ќе биде интерпелацијата за неговото работење и покрај тоа што смета дека барањето не е политички издржано.

„Безброј интерпелации за многу функционери во минатото никогаш не виделе бел ден, а јас ја ставив интерпелацијата за мене прва точка на дневен ред. Мислам дека ова барање не е политички издржано, но секако ќе има расправа“, рече Гаши.

Барањето за интерпелација од страна на Левица е поради неколку причини, меѓу кои и молитвата во Собранието, случајот со аеродромот и косовската претседаталка и заминувањето на свадба во Косово.

„Тие се опозиција и нивна работа е да напаѓаат, а наша работа е да се браниме. Не сторив ништо лошо. Јас сум пресреќен поради тоа што Северна Македонија го осуди Геноцидот во Сребреница. Невладиниот сектор сакаше да одржи молитва во Парламентот, а јас присуствував на тој чин“рече Гаши на брифингот.

Слични содржини