Гаши – Лирман: Сметајте на нашата поддршка за членство во ЕУ

од Илинка Илиоска
24 прегледи

Претседателот на Собранието Африм Гаши ја почнал својата работна посета на Бeрлин со средбата со Ана Лирман, државна министерка за Европа и клима во Министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Гаши во Берлин е придружуван од генералната секретарка Марина Димовска, а на средбата присуствувал и нашиот резидентен амбасадор, Н.Е. Илбер Села. Како што се наведува во соопштението, на средбата биле потврдени одличните билатерални односи меѓу двете земји на како на политичко, така и на економско и пошироко општествено нивo и силната и континуирана германска поддршка на нашите еворинтеграции.

Гаши ја истакнал проактивната улога на Германија со иницирањето на Берлинскиот процес, и во месецот кога се одбележува 10-годишнината од неговото постоење, видливи се придобивките за земјите учеснички и нивните граѓани. Во однос на пристапувањето во Европската Унија, било искажано уверување за заокружување на преостанатите домашни обврски, со цел отворање на првиот кластер со апел за поголема предвидливост и појасна траекторија на движење во текот на преговорите и стриктно почитување на Копенхашките критериуми и барања за членство.

Лирман јасно ја искажала својата целосна поддршка за земјата и како силен поборник за проширувањето, посочи дека покрај донесувањето на уставните измени, за земјите членки е од особена важност земјата да покаже напредок во клучните области како владеење на правото, реформа на судството и борба против организираниот криминал и корупција за поизвесен тек на процесот на преговори. Ја пофалил земјата како пример за мултиетничноста и пристапот во решавањето на отворените прашања со соседите.

Двајцата соговорници биле согласни дека соработката меѓу двете земји продолжува во областите од взаемен интерес.

-Германија останува да биде водечки партнер и сојузник во остварувањето на нашите стратешки цели и приоритети, а дека процесот на обединување на Европа во време на есктремна глобална поларизација нема друга алтернатива. Тој истовремено претставува геополитичка потреба и предност за Европската Унија, било нагласено на средбата на Гаши со Лирман.

Слични содржини