Гаши на тајна средба со Мицкоски во Собранието?

од Radmila Tasevska
166 прегледи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и на Алтернатива Африм Гаши вечерва се видени во Собранието, информира Клан Македонија.

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши при излегувањето од Собранието не ја демантираше средбата со лидерот на македонската опозиција Мицкоски. Тој за КланМ изјави дека должност на лидерите и политичарите е да се сретнат за доброто на државата.

„Во Собранието имаме различни средби со сите лидери на политичките партии. Деновиве ќе имам различни средби и со пратеници. Во моментов зборуваме за главната намера да се постигнат уставните измени на бројка од 80 пратеници. Ова е многу важно за нас. Со оглед на тоа, наша должност е да се сретнеме со сите колеги и да разговараме за тоа како да ја постигнеме оваа цел што е можно поскоро. Додека не се сретнеме во Парламентот, се работи за средби поврзани со функционирањето и постигнувањето на 2/3 мнозинство во Парламентот“, изјави за Клан Македонија Африм Гаши, излегувајќи од Собранието.

Во меѓувреме, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицсоки, не сакаше да ја потврди средбата со Гаши. Само кусо изјави дека се поздравиле.

„Со г. Мицевски, се сретнавме и разговаравме за активностите на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период. Со г. Гаши, се поздравивме во ходникот“, рече Мицкоски.

Предметната средба доаѓа по онаа што првиот човек на Алтернатива ја имаше со премиерот Димитар Ковачевски, претходно во текот на денот, на која, како што е соопштено, премиерот на Гаши му го соопштил договорот со АА и позициите што ги имаат партнерите од владината коалиција.

Во меѓувреме, вечерва Алтернатива треба да одлучи како понатаму ќе дејствува и дали ќе продолжи да биде дел од мнозинството.

Слични содржини