Гаши: Неприфатлива е дигитализација на учебниците

од Andreja Salpe
529 прегледи

Лидерот на Алтернатива Африм Гаши на брифинг со новинарите рече дека основниот проблем во концепцијата за основното образование е пристапот што го има МОН.

– Во овој случај имаме наметнување без никакви консултации со другите политички и професионални актери во земјата. Ова ќе има негативно влијание врз образованието во  Македонија, рече Гаши.

Тој повика Владата и МОН да ги земат предвид забелешките и да ја прифатат соработката за разгледување и дискутирање на овој предлог со сите фактори до конечна одлука.

– Во спротивно, ако МОН продолжи да се однесува арогантно кон нашите забелешки, во времето кога ќе бидеме на власт, ќе бидеме должни да го повлечеме овој концепт и во консултација со сите политички и професионални фактори да донесеме друг концепт прифатен пошироко во нашата земја – рече Гаши.

Тој се спротивстави на идејата за целосно укинување на печатените учебници, објаснувајќи дека тоа не функционира скоро никаде во светот и дека ставот на партиските експерти е дека тоа ќе резултира со штета за учениците. Гаши додаде дека самиот факт што толку неуспешна се покажа учебната година преку онлајн наставата, тоа е доволен доказ за тоа колку идејата за укинување на печатените учебници може да биде успешна. Тој дури рече дека и фактот дека законските измени треба ќе дојдат на Собрание со европско знамето, е начин да се наметне оваа измена без можност за дебата и дискусија, што воопшто не е европско дејство.

Слични содржини