Гаши: Официјалното членство во НАТО големо признание за сите граѓани на нашата земја

од Vladimir Zorba
157 прегледи

Официјалната информација дека Северна Македонија станала и формална, полноправна и рамноправна членка на НАТО, е големо признание за сите граѓани на нашата земја, вели Африм Гаши, претседател на Алтернатива.

„По овој повод сакам да им честитам на сите граѓани за изразената поддршка во овој процес, а тука сакам да споменам дека сум посебно горд што водам една партија која – со своето учество на политичката сцена и во извршната власт – и дирекно придонесе за исполнување на стемежот на низа генерации пред нас.

Честитки и успех во интеграцијата во ЕУ“, соопштува Гаши.

Слични содржини