Африм Гаши, претседател на Алтернатива во „Утрински брифинг“на „Слободна ТВ“ изјави дека привршуваат консултациите со коалицискиот партнер и дека навремено ќе ги завршат сите работи за до среда, кога ќе се одржи состанок на ЦО- највисокиот орган во партијата.
Околу можната коалиција со некоја македонска партија, Гаши вели дека се уште немаат разговарано со ниту еден политички субјект околу ова прашање и дека најбитно им е како коалиција во албанскиот блок победата.
-Тоа е многу битно не само за Албанците, туку и за Македонија воопшто. Ова е битно, затоа што како што знаете, ДУИ е веќе 20 години на власт. После 12 април, треба да ги испратиме во опозиција. И граѓаните Албанци тоа го сакаат. Важно е ние да имаме добра понуда, достоинствен кампања – така и би дошле до оваа победа. На крајот мислам дека бројките ќе кажат се, изјави Гаши.