Гаши: Сум растeл со Македонци и немам никаква одбивност кон македонскиот јазик

од Milan1
1,5K прегледи

Да беше заклетвата прочитана првин на македонски јазик ќе ја кажев на македонски, тоа е технички дел, вака одговори претседателот на македонското Собрание прашан во вечерашното интервју за емисијата „Топ Тема“ на телевизија Телма, зошто правото на лично изразување го ставил пред Уставот и Деловникот на законодавниот дом.

„Употребата на албанскиот јазик е одамна регулирана во Собранието, од 2008-2009 година се зборува на албански и македонски, така што тој ден беше празник за демократијата во Северна Макеонија, се конституираше Собранието и мислам дека е битно, треба да зборуваме за процесите кои се битни за работата на Собранието, за носење закони, како ќе изгледа Собранието. Мислам дека тоа е дневна политика и партии кои ја користитат за некој евтин пи-ар. Јас не би сакал се симнам на тоа ниво да коментирам такви коментари“, изјави Гаши.

Тој нагласи дека нема никаков проблем со македонскиот јазик, која, како што кажа, го учел и го зборува истовремено со албанскиот.

„Јас сум израснат во средина со Македонци, така што не паметам, не знам кога бил тој момент кога сум почнал да зборувам македонски и тоа значи дека не можам да имам анимозитет кон македонскиот јазик“, вели претседателот на Собранието.

Гаши рече дека конститутивната седница биле подготвувана од службите на Собранието, кои како што посочи се исклучелно професионални.

„Да беше заклетвата прочитана првин на македонски јазик ќе ја кажев на македонски, беше на албански и ја прочитав на албански. Мислам дека тоа е технички дел, битно е дека се прочита на македонски и тука треба да се апсолвира тоа прашање затоа што нема никаква суштина. А ако сакате да ги задоволиме апетитите на некои хејтери на социјалните мрежи ќе зборуваме, но мислам дека тоа не достојно ниту за вашата телевизија, ниту за вашите гледачи“, истакна тој.

 

Слични содржини