Испраќањето трупи на НАТО во Украина може да доведе до нова светска војна, изјави денес Тибор Гашпар, заменик-претседател на словачкиот парламент.
„Се чини дека Европа сè уште не сфатила дека има промена во политиката на САД кон Русија. Постојат земји заинтересирани за понатамошно ескалирање на тензиите. Ги сметам овие намери за испраќање трупи на НАТО во Украина за нешто што би можело да доведе до нова светска војна. Сепак, не мислам дека постои консензус за ова прашање во европските земји“, рече тој во интервју за руската новинска агенција РИА Новости.
Гашпар оцени дека главните земји заинтересирани за ескалација се Франција и Обединетото Кралство, додека помалите земји од ЕУ разбираат дека испраќањето трупи во Украина би предизвикало нов голем конфликт во Европа.