Газа: Најмалку 20 лица загинаа, десетици се повредени во израелски напад врз училиште

од Milan1
15 прегледи

Најмалку 20 лица беа убиени, а десетици ранети денес во израелски напад врз училиште во кое се сместени раселени лица, соопштија властите на палестинската енклава, објавија израелските медиуми.

Нападот се случил во населбата Дараџ, а меѓу жртвите имало жени и деца. Како што објави телевизијата Ал Џезира, Цивилната одбрана на Газа објави дека успеала да го стави под контрола пожарот што избувна по израелскиот напад врз училиштето „Фахми ал-Џарџави“.

Според Ал Џезира, во нападот загинале 25 лица, пренесува Танјуг.

Цивилната одбрана на Газа објави на Телеграм дека досега се пронајдени телата на 13 мртви и дека 21 лице е повредено. Се стравува дека бројот на жртви е поголем, со оглед на тоа што училиштето било дом на голем број раселени жители на Газа, а многу луѓе сè уште се закопани под урнатините.

Како што објавува Ал Џезира, многу деца биле изгорени или претрпеле тешки изгореници. Претставници на цивилната одбрана изјавија дека половина од зградата е уништена и дека бомбите предизвикале голема штета.

Слични содржини