36 годишна жена пријавила дека сопственичката на куќата во која живеела под кирија ја принудила на свое име да земе брз кредит. Потоа со закана и ги одзела парите и ја избркала од куќата
„Вчера во 16.00 часот во ОВР Виница, 36 – годишна жена од Виница пријавила дека на почетокот на јули 2024, С.Н., сопственичка на куќата во Виница во која престојувала под кирија, ја принудила да подигне брз кредит, по што со закана и ги одзела парите и ја избркала од домот. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за негово целосно расчистување“, информираат од МВР.