Целиот скандал во турскиот фудбал, кој „експлодира“ по срамните инциденти во Трабзон, сега доби епилог. Но, Коч, богат турски бизнисмен кој е на чело на спортскиот клуб Фенербахче од 2018 година, одлучи жолто-сините сепак да останат во турскиот шампионат.
Претходните недели често се зборуваше дека тимот од азискиот дел на Истанбул лесно може да се пресели и да се натпреварува во друго национално првенство во Европа, но тоа барем засега нема да биде така.
„На сите одржани состаноци дојдовме до заклучок дека напуштањето на лигата е најмалку посакуваната опција“, изјави Али Коч и додаде:
„Причината зошто опцијата не е добра е тоа што во пониските лиги би морале да се справуваме со истите проблеми како сега. Опцијата за излез од лигата е тргната од дневниот ред се до генералното собрание на клубот на крајот на сезоната“, изјави претседателот на Фенербахче.
По 30 кола во турскиот шампионат, Фенербахче е на второто место со два бода помалку од Галатасарај.