Газпром бара официјален документ дека турбината не е под санкции

од Nikola Popovski
339 прегледи

„Газпром“ би сакал да добие поправена турбина за „Северен тек 1“, но важно е компанијата да добие официјална потврда дека турбината не е под санкции, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Газпром сака да ја добие оваа турбина, но не е Гаспром тој што воведе санкции. Во овој случај, важно е Гаспром да добие правни документи во кои се наведува дека турбината не е под санкции. Само зборовите апсолутно не се доволни во овој случај“, изјави Песков новинарите, пренесува ТАСС.

„Газпром“ во средата објави дека испораката на турбината „Северен тек 1“ сега не е можна поради санкциите на Канада, Европската унија и Велика Британија, како и поради непочитување на договорните обврски на Сименс.

Слични содржини