218
Европскиот енергетски систем во моментов е нестабилен и може да се соочи со проблеми и недостиг, тврди рускиот енергетски гигант Газпром.
„Системскиот дефицит на енергетски производи не исчезна, што се манифестира не само во повисоките цени во однос на годините пред пандемијата на коронавирусот, туку и во стабилното „контанго“, велат високите менаџери на „Газпром“ Сергеј Комлев и Александар Шапин, пренесе Ројтерс.
Како што наведува порталот investopedia.com, „контанго“ значи ситуација во која фјучерс цената на стоката е повисока од очекуваната спот цена, што сигнализира очекувања дека цената на оваа роба во иднина ќе расте.