Газпром: Испораките на руски гас за Европа ќе паднат за околу 40 отсто

од Nikola Popovski

Испораките на руски природен гас преку главниот гасовод за Европа ќе паднат за околу 40 отсто оваа година, објави денеска Газпром.

Канадските санкции против Русија поради инвазијата на Украина го спречуваат германскиот партнер „Сименс енерџи“ да испорачува поправена опрема.

Германската агенција за комунални мрежи соопшти дека не смета оти се загрозени испораките на гас и дека протокот преку гасоводот Северен тек 1 под Балтичкото Море е намален во согласност со претходно најавениот прекин на испораките на гас за Данска и Холандија.

Европската унија веќе ги објави плановите за намалување на зависноста од рускиот гас за две третини до крајот на годината.

Економистите велат дека целосното затворање на вентилите ќе нанесе сериозен удар врз економијата, потрошувачите и индустриите што користат гас.

Високите цени на енергијата веќе придонесуваат за рекордна инфлација од 8,1 отсто во 19 земји кои го користат еврото.

Слични содржини