323
Рускиот енергетски гигант „Газпром“ во петокот објави дека го напушта својот бизнис во Германија, поради спорот меѓу двете земји поради инсистирањето на Москва плаќањата за рускиот гас да се префрлат од евра во рубљи.
Засега не е јасно како овој потег ќе влијае на испораките на руски гас, од кои зависат околу 40 отсто од потребите на Германија.
Компанијата не даде дополнителни детали или објаснувања.