„Газпром“ објави видео во кое и се заканува на Европа со ледено доба: „Зимата ќе биде долга“

од Vladimir Zorba
141 прегледи

Рускиот енергетски гигант „Газпром“ објави видео во кое и се заканува на Европската унија со недостиг на гас.

На самиот почеток на видеото се гледа како работник го исклучува доводот на гас и барометар каде притисокот паѓа на нула. Покрај сцената на далноводи, прикажани се знамињата на Европската унија и снимки од Брисел, Берлин, Париз и Лондон, кои почнуваат да ги покрива мраз и снег.

Музичката позадина на спотот е руската песна „Зимата ќе биде долга“, напишана од познатиот руски пејач Јуриј Визбор, додека верзијата во спотот ја пее неговата внука Варвара Визбор.

Антон Герашенко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи на Украина, видеото го објави на својот Твитер профил.

„Рускиот „Газпром“ објави видео „Зимата ќе биде долга“ каде што компанијата го исклучува гасот и започнува леденото доба во Европа. Дали навистина мислат дека можат да убијат илјадници Украинци, да окупираат територии на друга земја и дека Европа ќе гледа на друга страна во страв од уцена?“ се запраша Герашенко.

Слични содржини