„Газпром“ продолжува редовно да испорачува гас за Европа преку Украина

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Руската државна компанија „Газпром“ денеска префрли околу 110 милиони кубни метри гас во Европа, преку украинска територија.

„Газпром“ испорачува руски гас во транзит низ територијата на Украина во редовен режим, во согласност со барањата на европските потрошувачи“, изјави портпаролот на таа компанија Сергеј Купријанов, пренесе „Интерфакс“.

Купријанов рече дека „Газпром“ вчера преку територијата на Украина испратил 109,5 милиони кубни метри гас во Западна Европа.

Слични содржини