349
Рускиот производител на гас „Газпром“ објави дека неговата испорака на гас во Европа преку Украина, преку точката „Суџа“, денеска изнесува 41,9 милиони кубни метри.
Тоа е иста сума во однос на претходниот ден, наведе „Газпром“, пренесува Ројтерс.
Украина го одби барањето за снабдување со гас преку другата голема влезна точка „Сорановка“, објави „Газпром“.