Геј брачен пар сексуално злоставувал посвоени момчиња – осудени се на доживотен затвор

од Nikola Popovski
71 прегледи

Геј пар од Атланта е осуден на доживотен затвор за сексуално злоставување и подведување на две момчиња кои ги посвоиле пред неколку години, објави „Fox News“, повикувајќи се на соопштение на обвинителството.

Вилијам Зулок се изјасни за виновен во август за сексуална злоупотреба на деца, инцест и сексуална експлоатација на деца, а неговиот сопруг Захари Зулок се изјасни за виновен во октомври.

Случајот беше отворен во јули 2022 година, кога Бирото за истрага во Џорџија доби дојава од Националниот центар за исчезнати и експлоатирани деца за сомнителен материјал за сексуална злоупотреба на деца што бил изваден од IP адресите во округот Волтон, пренесува „Индекс“.

Инспекторите утврдиле дека тоа е адресата на брачниот пар Зулок, каде што пронашле опсежни докази за малтретирање, по што полицијата упаднала во нивниот дом. Двојката признала низа сексуални злосторства, вклучително и силување и принудување на нивните синови на орален секс.

Запленети се повеќе од седум терабајти докази, вклучително и снимки од надзорните камери и записи од мобилни телефони кои ги документираат злосторствата. Инспекторите откриле и експлицитни текстуални пораки на социјалните мрежи кои ги опишуваат гореспоменатите злосторства.

„Овие двајца обвинети создадоа вистинска куќа на ужасите, ставајќи ги нивните дефинитивно темни желби над сè и секого. Како резултат на тоа, секој од нив беше осуден на 100 години затвор, без можност за условно ослободување, што гарантира дека жртвите нема да мора да се грижат дали нивните насилници повторно ќе бидат на слобода додека растат“, соопштил окружниот обвинител Ренди Мекгинли.

Слични содржини