„Омикрон“ ќе не погоди сите, предупреди американскиот претприемач и еден од основачите на „Мајкрософт“, Бил Гејтс.
Тој на Твитер истакна дека ги откажал повеќето планови за празниците.
– Токму кога се чинеше дека животот ќе се врати во нормала, можеме да влеземе во најлошиот дел од пандемијата. „Омикрон“ ќе не погоди сите. Моите блиски пријатели го имаат сега и ги откажав повеќето од моите планови за празниците – напиша Гејтс.
Тој оцени и дека „ако има добра вест“, тоа е дека „омикрон“ се шири толку брзо што кога ќе стане доминантен во една земја, бранот на тој сој би требало да трае помалку од три месеци.
„Тие неколку месеци може да бидат лоши, но сепак верувам дека ако ги преземеме вистинските чекори, пандемијата би можела да заврши во 2022 година“, рече Гејтс.