„Cascade Investment“, сопственост на американскиот милијардер Бил Гејтс, го зголеми својот удел во ланецот хотели „Four Seasons“ од 47,5% на 71,25%. Wall Street Journal објави дека договорот вредел 2,21 милијарди долари.
Според изданието, инвестицискиот фонд на Гејтс купил 23,75% од акциите од саудиската компанија „Kingdom Holding“. Според изворот на изданието, тековниот долг на компанијата е околу 850 милиони долари. Благодарение на договорот, вкупната вредност на синџирот хотели сега се проценува на 10 милијарди долари. Договорот треба да се финализира во јануари 2022 година.
„Four Seasons“ е синџир на хотели основан од Канаѓанецот Исадор Шарп во 1960 година, кој сега поседува 5% од акциите. Компанијата во моментов поседува 120 хотели и 46 станбени недвижности во 47 земји.