Гејтс ја откри локацијата на која ќе го постави својот НАПРЕДЕН НУКЛЕАРЕН РЕАКТОР

од Stefanija Kuzmanovska
347 прегледи

Kомпаниите за напредни нуклеарни реактори на милијардерот Бил Гејтс TerraPower и PacificCorp, го избраа Вајоминг за започнување на првиот проект реактор ладен со натриум на местото на затворената фабрика за јаглен, изјави во средата гувернерот на државата.

TerraPower, основана од Гејтс пред околу 15 години и енергетската компанија PacifiCorp, сопственост на Berkshire Hathaway на Ворен Бафет, објавија дека ќе ја знаат точната локација на постројката за демонстрација на реакторoт ладен со натриум до крајот на годината.

Некои сметаат дека ваквите мали напредни реактори, кои работат на горива различно од традиционалните, се технологија што може да ги замени повремените извори на енергија, како што се ветерот и сонцето, за да се намалат емисиите предизвикани од климатските промени.

„Ова е нашиот најбрз и најјасен начин да станеме еколошки прифатливи“, рече гувернерот на Вајоминг, Марк Гордон, чија земја е најголем производител на јаглен во земјата.

Проектот вклучува брз 345 мегаватен реактор, чие ладење со растопен натриум може да ја зголеми моќноста до 500 MW за време на најголемата побарувачка на енергија. TerraPower минатата година објави дека централата ќе чини околу милијарда долари.

Слични содржини