Фактот дека во минатото донел многу лоши одлуки потврди и 69-годишниот Бил Гејтс, поранешен извршен директор на Мајкрософт, кога се осврнал на неговото пријателство со обвинетиот сексуален насилник, покојниот Џефри Епштајн.
Иако пред неколку години не мислеше дека тоа е лошо, 69-годишниот Бил Гејтс сега жали за поврзаноста со Епштајн.
Во интервјуто кое го даде за „Wall Street Journal“, поранешниот извршен директор на Мајкрософт зборуваше за неговите средби со покојниот Епштајн.
„Гледајќи наназад, бев глупав што поминував време со него. И тој, на некој начин, доби можност да се дружи со различни луѓе токму благодарение на неговото дружење со други луѓе. Така, да, мислам дека бев прилично глупав. Мислев дека тоа ќе ми помогне во глобалната здравствена филантропија. Но, не успеа. Тоа беше само голема грешка“, бил искрен Гејтс, не криејќи дека и оваа асоцијација придонесе за распадот на неговиот брак со Мелинда Френч Гејтс.
Тој додал дека контроверзите кои произлегуваат од неговата поврзаност со Епштајн, кој почина во август 2019 година откако изврши самоубиство на 66-годишна возраст додека чекаше судење за наведување на проституција и сексуална трговија, го истрошиле до тој степен што ја изгубил волјата за за нови врски и пријателства.
Патем, „Вол Стрит Журнал“ претходно пишуваше за тоа како Епштајн се заканувал дека ќе го разоткрие Гејтс поради неговата наводна афера во 2017 година со Русинка додека тој сè уште беше во брак со Мелинда Френч Гејтс.
Од друга страна, портпаролот на Гејтс тогаш изјави дека тој „се сретнал со Епштајн исклучиво за филантропски цели и дека Епштајн неуспешно се обидел да ја искористи врската за да го загрози“.
„Г-дин Гејтс никогаш немал никакви финансиски зделки со Епштајн. Како што веќе кажа Бил, беше грешка што некогаш го запознал“, изјавил портпаролот.