Гејтс: Не го делам интересот на Безос и Бренсон за вселената

од Vladimir Zorba
332 прегледи

Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, ја доби специјалната награда за „Претприемничка книга на годината“ во Германија за неговата книга „Како да се спречи климатската катастрофа“.

Тој даде кратко интервју за редакцијата на „Ханделсблат“ во хотелот „Адлон“ во Берлин, а неговата видео порака беше емитувана на церемонијата на доделувањето на саемот на книгата во Франкфурт.

„Ја напишав оваа книга за да ги проширам моите знаења за тоа колку е тешко да се реши климатскиот проблем, но дека тоа сепак е можно“, рече Гејтс. „Колку повеќе се посветува внимание на ова, толку подобро“.

Според него, станува збор за вклучување на граѓаните во мисијата

„Затоа што е неопходно за нивната потрошувачка, нивните гласови, нивното разбирање да се постигне нешто многу, многу тешко: да се премине од глобалните емисии од 51 милијарда тони CO2 годишно на нула“.

„Мислам дека мојата книга нема да убеди многу скептици. Мојата книга е повеќе за луѓе кои го препознале проблемот и сакаат да разберат зошто е толку тешко да се реши за десет години? Што се крие зад стравувањата дека цените ќе се зголемат ако се движиме пребрзо? Зошто многумина се прашуваат дали треба да направат краткорочни жртви за да спречат страшни долгорочни влијанија врз климата?

Гејтс го објаснува процесот на создавање на книгата на следниов начин: „Имав среќа што некои од водечките научници беа подготвени да ми објаснат од каде доаѓаат глобалните емисии. И зошто е поскапо да се избегнат емисиите. Најголемиот предизвик, сепак, е да се спои материјата и да се објасни на некој, кој можеби нема да има време, што можам да го одделам јас“.

„Мојот процес на учење се состоеше од средби со експерти. Кога дојде време да почнам да пишувам, ми помогна мојот колега Џош Даниел, со кого работев повеќе од една деценија. Тој ми беше голема помош“, признава милијардерот.

Жирито, составено од претставници на бизнисот и науката, откри дека тој целосно успеал: „Бил Гејтс, еден од најуспешните претприемачи во светот, се занимава со еден од најважните проблеми на нашето време, многу ориентиран кон решенија, со голем број примери и со општо разбирлив јазик“, велат од жирито.

Запрашан дали ја дели страста на другите милијардери, како Џеф Безос и Ричард Бренсон, за патување во вселената, ко-основачот на Мајкрософт призна дека имал други склоности. „Имам две големи страсти. Првата е глобалното здравје, што вклучува ставање крај на оваа пандемија и подготовка за следната. Втората е климатските промени. Џеф Безос има Earth Fund, па така тој е вклучен и во климата до одреден степен. Ричард Бренсон е дел од нашиот потфат Breakthrough Energy. Но, не го споделувам со нив нивниот интерес за вселената“, признава милијардерот.

Инаку, првиот добитник на наградата „Бизнис книга“ во 2007 година беше Даниел Шефер, искусен новинар кој работел за Frankfurter Allgemeine, Financial Times, Handelsblatt и Bloomberg.

Слични содржини