Гејтс: Третманот со имунотерапија или моноклонски антитела е најдобрата шанса да се победи короната

од Vladimir Zorba
221 прегледи

Американскиот милијардер и филантроп Бил Гејтс повторно на Твитер изјави дека третманот со имунотерапија или моноклонски антитела е најдобрата шанса да се победи короната, односно третман кој засега најмногу ветува.

Третманот со моноклонски тела е малку познат третман кој го спаси од коронавирусот и американскиот претседател Доналд Трамп. Гејтс во својата објава на Твитер додаде дека канадски научници работат на тоа овој „лек што може да спаси животи“ да биде достапен на луѓето ширум светот.

Студиите покажаа дека таквата терапија, доколку се примени на време, може да ги намали стапките на хоспитализација до 70 проценти и на тој начин да спаси животи, особено кај оние групи кои имаат поголем ризик од развој на потешка форма на инфекција со ковид-19. Сепак, се чини дека малку луѓе, но и здравствени работници знаат за овој метод, како што напиша Си-Ен-Ен.

Слични содржини