Гејтс за Ѓоковиќ: „Му се восхитувам, но би сакал неговите ставови за вакцината да не бидат такви“

од Берта Китинска
177 прегледи

Во интервју за Би-Би-Си, американскиот бизнисмен и некогаш најбогат човек на светот, Бил Гејтс, меѓу другото зборуваше и за пандемијата на коронарниот вирус, а се осврна и на ставот на Новак Ѓоковиќ да не се вакцинира.

Ѓоковиќ одби да се вакцинира против Ковид-19 пред Австралија опен во јануари по што беше депортиран од земјата по долгата легална битка да остане во Мелбурн. По ова, Ѓоковиќ во интервју за Би-би-си потврди дека е подготвен да не освои ниту една гренд слем титула до крајот на кариерата, но дека нема да се вакцинира.

„Со вакцинирање ѝ помагате на својата заедница. Не се работи за совршен лек за сопирање на инфекцијата, но ја намалува можноста. Затоа, несреќна ситуација е кога некој поради своите здравствени грижи, не може да учествува во заштитата на својата заедница. Особено кога се работи за човек што инспирира и кому му веруваат. Затоа му се восхитувам на Ѓоковиќ за многу работи, но посакувам да нема таков став кон вакцините“, вели Гејтс.

Слични содржини