Ако очајно сакате ја вратите искрата назад во интимниот живот, користете динамит … буквално.
Научниците сметаат дека експлозивната супстанција може да помогне за создавање на огномет во спалната соба како радикално лекување на еректилна дисфункција.
За целта експертите создадоа гел кој мажите ќе го користат пред секс. Маста содржи мали дози силно експлозивен нитроглицерин, како и специјални состојки за побрза пенетрација во кожата.
Кога хемикалите ќе навлезат во кожата, тој ослободува моноксид, помагач за проширување на крвните садови, транспорт на крв за време на возбуда. Досега гелот е тестиран на 200 мажи со еректилни проблеми во Велика Британија. Секој десетти маж страда од еректилна дисфункција во одреден момент од својот живот, покажува статистиката.
И покрај лековите како Вијаграта во последните 10 години, 30% од мажите не гледаат никакво подобрување. Многумина, исто така страдаат од несакани ефекти како што се главоболка, гадење и топлотни бранови.