222
Деловната кула „Генералексспорт“ во Белград вчера беше продадена на јавно наддавање на фирмата „Еурека бар“.
Таа беше една од седумте учесници на лицитацијата во Агенцијата за лиценцирање стечајни управници и за 2,4 милијарди динари ја купи долната зграда на Западната белградска порта во блок 33, попозната како „Генекс“.
Почетната цена на дваесет и шесткатницата со деловен и гаражен простор изнесуваше 834,6 милиони динари, што е околу седум милиони евра.
Станбено-деловниот центар Генекс беше прогласен за споменик на културата во ноември 2021 година.