Генерална проба на воената парада во Москва, осум МиГ ја направија буквата Z во воздух (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska
674 прегледи

Во Москва денеска се одржа генерална проба на Парадата на победата посветена на 77-годишнината од победата во Големата патриотска војна, која ќе се одржи на 9 мај.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека на пробата учествувале 11.000 војници, 131 единица современа воена опрема, како и 77 авиони и хеликоптери.

Низ Црвениот плоштад со воени возила минала и парадната единица на учесниците во воената интервенција во Украина, која Москва ја нарекува „специјална воена операција“, а тоа го соопшти спикерот при минување на механизираната колона.

Исто така, осум авиони МиГ-29СМТ во воздух ја направија буквата Z, која руските сили во Украина ја користат како знак на препознавање.

За Москва, таа буква стана еден од симболите на интервенцијата против Украина.