Во пораката на генералниот директор на УНЕСКО, Одре Азуле по повод Светскиот ден на книгата и авторското право – 23 Април, се вели книгите имаат посебна способност да разонодуваат и да поучуваат. Тие се средство за истражување на светови вон нашето лично искуство преку запознавање со различни автори, идеи и култури. Тие се средство за пристапување до најдлабоките места во нашиот ум.

Исто така во пораката се вели дека во овој периодна несигурност, многу луѓе се свртуваат кон книгите кои ќе им помогнат да се справат со затвореноста и со неспокојот.

-Навистина, книгите имаат посебна способност да разонодуваат и да поучуваат. Страница по страница, книгите ни осветлуваат патека по која можеме слободно да се движиме, неограничени од времето и просторот. Со други зборови, книгите ни даваат слобода. Тоа е силата на книгите којашто токму сега ни е потребна бидејќи нѐ потсетуваат на основното значење на литературата – како и на уметноста – во нашите животи, пишува Азуле во пораката

Слични содржини