Генералниот секретар на ОН: Блискиот исток на работ на бездна

од Stefanija Kuzmanovska
181 прегледи

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изјави во неделата навечер дека Блискиот Исток е на „работ на бездна“ и го повика Хамас веднаш да ги ослободи заложниците, а Израел да обезбеди итен хуманитарен пристап до Појасот Газа, пренесува АП.

„Секоја од овие две цели е важна сама по себе“, се вели во соопштението на Гутереш. „Тие не треба да станат договор за пазарење и мора да се завршат бидејќи тоа е вистинската работа.

 

„Газа останува без вода, струја и други основни резерви“, рече Гутереш.

Тој подвлече дека ОН имаат залихи на храна, вода, непрехранбени производи, медицински материјали и гориво во Египет, Јордан, Израел и Западниот Брег, кои би можеле да бидат испратени во Газа „во рок од неколку часа“ доколку можат безбедно и без пречки да се достават.

По големиот напад на Хамас, Израел го врза обезбедувањето основни услуги за цивилното население во Појасот Газа со ослободувањето на израелските заложници кои ги држеше организацијата.

Повиците на Израел до жителите на Газа да ја напуштат областа беа многу критикувани, вклучително и од ОН, кои предупредија на опасност од „хуманитарна катастрофа“.

Слични содржини