Генералниот секретар на ОПЕК: Снемува резервни капацитети на нафта и тоа е проблем

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) е оптимист во однос на прогнозите за побарувачката за оваа година, изјави денеска генералниот секретар Хајтам Ал Гаис, предупредувајќи дека недоволните инвестиции ја загрозуваат енергетската безбедност.

„Сè уште очекуваме прилично отпорна побарувачка за нафта оваа година, како што беше минатата година“, рече Ал Гаис на енергетската конференција во Абу Даби, потсетувајќи дека растот треба да надмине 2,3 милиони барели дневно според прогнозите на групата.

Лидерот на ОПЕК нагласува и дека инвестициите во секторот на нафта и гас се важни за енергетската безбедност.

„Снемува резервни капацитети“

„Многу пати кажавме дека ни снемува… резервни капацитети, (тој проблем) бара координирани потези од сите засегнати страни за да се разбере важноста на инвестирањето во секторот“, рече тој.

И министерот за енергетика на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Сухаил ал-Мазруеи, предупредува на неопходните инвестиции на меѓународните и националните нафтени компании.

За да можат нафтените компании да инвестираат, финансискиот сектор мора да биде подготвен да ги финансира инвестициите, тврди Мазруеи.

Обединетите Арапски Емирати ќе го прошират производствениот капацитет до 2027 година од сегашните 4,2 милиони на пет милиони барели дневно, изјави подоцна Ал Мазруеи за новинарите.

Слични содржини