Ги научивме грешките од минатото и односот со ДУИ воопшто, односот на такво коалицирање нема да се повторува во иднина тврди генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ.
„СДСМ научи од своите грешки, тоа треба да го покажуваме на дело. Да не биде само празна флоскула. Дистанцирањето од ДУИ се однесува на повеќе аспекти, а тоа е дека имавме во минатото една непринципиелна коалиција, а секој однос на коалицирање треба да има двостран однос. Така што, дефинитивно, сите изјави коишто можете да ги видете и сите постапки коишто ги прави СДСМ и гласот на членството од нас тоа го бара“, изјави Димитирјевиќ, вечерва во емисијата „360°“ на МРТ
Во однос на тоа дали се работи за форсиран или искрен процес затоа што до неодамна СДСМ и ДУИ беа заедно во Владата, генералниот секретар повтори дека грешките се научени и дека нема да се повторат.
„Ги научивме грешките од минатото и односот со ДУИ воопшто, односот на такво коалицирање нема да се повторува во иднина“, одговори тој.
Во однос на следните локални избори, Димитријевиќ истакна дека „СДСМ ќе даде комплетна понуда на изборите и во таа понуда граѓаните ќе видат решенија независно од коалициите“.