Генералното собрание на Обединетите нации усвои Резолуција со која се осудува одржувањето на референдум за приклучување кон Русија во четири украински региони.
За усвојување на Резолуцијата, чиј нацрт беше подготвен од ЕУ, гласаа143 земји-членки на Генералното собрание на Обединетите нации (од 193).
Само четири земји ѝ се придружија на Русија во гласањето против – Сирија, Никарагва, Северна Кореја и Белорусија.