Генералното собрание на Обединетите нации без гласање усвои резолуција за катастрофата во Чернобил, пренесува ТАСС.
Резолуцијата со наслов „Трајното наследство од катастрофата во Чернобил“ беше лансирана заеднички од Русија, Белорусија, Азербејџан, Ерменија, Велика Британија, Канада, Кина, Соединетите Американски Држави и голем број земји од ЕУ, пренесува руската агенција.
Документот ја препознава „неопходноста од продолжување на меѓународната соработка за Чернобил под покровителство на Обединетите нации“ и ја нагласува „потребата да продолжи да се следи животната средина и здравјето на регионите и заедниците погодени од катастрофата во Чернобил со цел да се процени ефективноста на меѓународната помош“, пренесува „Танјуг“.
Резолуцијата ги повикува земјите-членки и сите заинтересирани партнери да ја поддржат меѓународната соработка поврзана со Чернобил со цел да се постигнат целите за одржлив развој во регионите погодени од катастрофата, преку партнерства, иновации и инвестиции.