Руската армија ја засили офанзивата во регионот на Донбас користејќи артилерија, ракетни фрлачи и авијација, соопшти денеска украинскиот Генералштаб.
„Рускиот непријател изврши големо артилериско гранатирање на цивилна инфраструктура, користејќи ракетни фрлачи со повеќе цевки“, се вели во соопштението на „Ројтерс“.
Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, во четвртокот изјави дека индустриската зона Донбас е во фокусот на најновата руска офанзива и дека е целосно уништена.