„Геноцид и глад се случува во Газа“ – Тунберг со шокантни тврдења по депортацијата од Израел

од Марта Пешевска
42 прегледи

Шведската климатска и политичка активистка Грета Тунберг пристигна во Париз по нејзината депортација од Израел, каде што беше задржана откако се обидела да учествува во хуманитарна мисија кон Појасот Газа.

Според Тунберг, израелските сили ја пресретнале јахтата на која таа и уште 11 активисти патувале кон Газа, со цел да ја пробијат долгогодишната поморска блокада. Инцидентот се случил во меѓународни води, а сите членови на екипажот биле приведени и пренесени во Израел, каде што подоцна беа депортирани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Reuters (@reuters)

„Бевме задржани на сила, без можност да комуницираме или да излеземе од бродот. Но, тоа не е најважното. Она што навистина треба да се истакне е трагичната реалност во Газа — систематско гладување и геноцид врз цивилното население. Светот не смее да остане нем“, изјави Тунберг по пристигнувањето на аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз.

Израелските власти, пак, нејзината акција ја оценија како „провокација со политичка позадина“ и ја обвинија за ширење на про-палестинска пропаганда во полза на Хамас. Од Министерството за надворешни работи на Израел соопштија дека помошта која се наоѓала на јахтата ќе биде пренасочена кон Газа преку официјални хуманитарни канали.

И покрај контроверзиите, Тунберг останува цврста во својата намера да ја крене свеста за хуманитарната криза во Газа, повикувајќи на итен прекин на блокадата и обезбедување на неопходна храна и медицински средства за цивилното население.

Слични содржини