Ако се обидете да го опфатите целиот континент Азија на картата и да поставите игла во неговиот центар, тогаш вие ќе треба да ја забодете во местото наречено Кизил.
Градот се наоѓа во источниот дел на Русија и е главен град на Република Тува. Тој е оддалечен на околу 3700 километри од Москва.
Не сите сепак се согласуваат дека токму градот Кизил, чие име значи “црвено” на тувински, е центарот на Азија.
Кинезите, на пример, тврдат дека вистинскиот географски центар на азискиот континент е блиску до Урумки, Ксинџијанг покраината.
Бидејќи е исклучително тешко да се утврди точниот центар на Азија, никој не ги оспорува и двете тврдења – на руската и кинеската страна.
И покрај својата слава, пристигнувањето до Кизил е тешко. Нема директни летови од руската престолнина, како и поврзување со транссибирската железничка линија. Најблискиот голем град пак е оддалечен на 400 километри од главниот град на Тува.
Во Кизил сепак има споменик, чија идеја е да се напомене токму местото кое е географски центар на Азија. Тој се наоѓа во регионот на Тос-Булак – јужно од градот, во близина на реката Енисеј.
Оригиналниот споменик е изграден во 1964 година. Во 2014 година по повод 100-годишнината од обединувањето на Тува и Русија беше подигнат нов споменик на истото место.

Споменикот во Кизил; Фото: gidkyzyl.com
Другиот географски центар во Кина, исто така може да се пофали со свој споменик. Тој се наоѓа во градот Yongfeng – оддалечен на околу 30 километри од Урумки. Споменикот таму е изграден во 1992 година и е висок 18 метри.
Влезете во нашата галерија и разгледајте ги двата споменика што претендираат да бидат географскиот центар на Азија.