Музичарот Владо Георгиев, кому му беше забранет влез во Црна Гора од страна на полициската управа Херцег Нови до 2030 година, вели дека тој бил изедначен со терористи и криминалци, и тоа само поради неговите просрпски ставови.
„Па, ве молам, тие ме изедначија со терористи и криминалци, со многу опасни луѓе. И зошто? Затоа што им пречи мојот профил на Твитер на кој јавно ги искажувам моите просрпски ставови, многу умерено, истовремено, и овој олигархиски тим во заминување не дозволува никаква слобода на мислење и говор“, изјави Георгиев за српска „Нова“.
Тој вели дека нема јасно објаснување и дека поради некоја причина е безбедносно интересна личност.
Георгиев посочува што е всушност е „проблематично“ во целата приказна:
„Претходната влада ги негуваше таканаречените „Монтенегрини“ – новокомпонирани „Црногорци“, кои го негираат карактерот и делото на Његош и ја препишуваат историјата, пропагираат анти-србизам и анти-православие, го дескридитираат секој што мисли спротивно, сето тоа под маската на секуларизмот. Како фашистите, тие пристапуваат кон идеи кои не се нивни – црногорски“.
Тој не се откажува од борбата за укинување на забраната за влез во неговата родна земја. Тој поднесе нова жалба и на прашањето каков исход очекува, тој одговара: „Тврдиот орев е чудно овошје. Не се крши, но крши заби. Сакам многу работа за црногорските стоматолози“.
Министерството за внатрешни работи на Црна Гора ја прифати жалбата на адвокатската канцеларија Томановиќ, кои се застапници на Георгиев и ја поништи Одлуката за забрана за влез во Црна Гора, но полициската управа на Херцег Нови повторно забрани влез на Георгиев за период од 10 години, соопшти Канцеларијата на Томановиќ.