Георгиева: Југоисточна Европа се соочува со инфлација и слаб раст

од Nikola Popovski
330 прегледи

Источна и Југоисточна Европа се соочуваат со длабоки економски „лузни“ и висока инфлација со слаб економски раст, најави извршната директорка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева.

„Кога станува збор за растот, регионот се соочува со длабоки економски лузни“, рече Георгиева на конференцијата организирана од ММФ и Хрватската народна банка во Дубровник.

Според сегашната прогноза на ММФ за следната година, без Белорусија, Русија и Украина, регионот ќе забележи 3,5 отсто помал раст од очекуваниот непосредно пред пандемијата во 2020 година, пренесува „Capital.ba“.

„Тоа е како да земете 50 милијарди евра од џебот на луѓето во овие пет години“, рече Георгиева.

Таа изјави дека постојаната висока инфлација и слабиот раст остануваат главни предизвици за регионот.

„Предвидуваме дека инфлацијата ќе остане значително над целите на централните банки и по следната година“, заклучи Георгиева.

Слични содржини