Георгиевски: Над 13.000 хектари државно земјиште доделено на земјоделците, инвестираме во домашното производство

од Nikola Popovski
184 прегледи

Преку седум јавни огласи на располагање ставдни се вкупно 13.758 хектари државно земјоделско земјиште, за обработка на житни култури, за подигнување на долгогодишни насади и за производство на сточна храна. Овие парцели земјоделско земјиште се распоредени низ целтата територија на државата со површини до и над три хектари. Со тоа, секоја педа обработливо земјиште ја ставаме на располагање на земјоделците, за да се зголеми домашното производство и да се намали зависноста од увоз, изјави денеска на прес-конференција, Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство при СДСМ.

Тој појасни дека за да да им се излезе в пресрет на земјоделците во овие комплицирани времиња, Владата дава поддршка за набавка на вештачко ѓубриво, помагајќи до 40% од трошоците на земјоделците, а парите за оваа поддршка земјоделците ги добиваат брзо во рок од 7 денови по аплицирањето.

-За оваа мерка до сега исплатени се вкупно 86 милиони денари за 5.475 земјоделци. Преку ребалансот на буџетот кој е изгласан во Собранието, обезбедивме дополнителни 3,2 милијарди денари за директна поддршка на над 45.000 земјоделци. Овој земјоделски буџет има за цел расчистување на сите заостанати обврски кон земјоделците, а започнуваме и со авансна исплата на субвенциите во рок од 90 дена по аплицирањето, рече Георгиевски на прес-конференцијата.