Владата на Република Северна Македонија преку Генералниот секретаријат започна со исплатата на финансиската поддршка за тутунарите во рамки на пакетот поддршка за намалување на последиците предизвикани од КОВИД-19 и на сметките на производителите на тутун веќе почнаа да стигнуваат парите за откупените количини.
Над 19.000 тутунари, наши сограѓани, добиваат поддршка со вкупна вредност од 300 милиони денари.
„Се работи за поддршка од три денари по килограм за произведен и предаден необработен тутун од втора класа и 16 денари по килограм за произведен и предаден необработен тутун од трета и четврта класа“, изјави Гоце Георгиевски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.