Нов ден за нови лаги на ВМРО ДПМНЕ и Димче Арсовски, вака поранешниот градоначалник на Гази Баба, Борис Георгиевски реагираше на прес конференцијата на Арсовски кој тврди дека при активен договор за местење лед светилки од 1.7 милиони евра, Георгиевски склучил 2 нови за одржување.
„Јавниот повик за поставување на нови лед светилки и јавниот повик за тековно одржување на постојните линии се две сосема различни работи.
Со повикот за поставување на лед светилки се опфатени дел од уличните единици, што значи дека логична е потребата од јавен повик за тековно одржување на преостанатите линии со натриумови светилки.
Фирмата пред авансното плаќање на 20% од сумата до општината согласно договорот достави банкарска гаранција.
Да повторам авансното плаќање е предвидено во тендерските услови и служи за набавка на дел од техничката опрема предмет на јавната набавка, бидејќи остатокот од инвестицијата предвидено е да се плаќа одложено на 36 рати и тука повторно нема ништо спорно.
Би ве запрашал вас Димче Арсовски зошто денес и покрај активен договор за лед светилки, вашиот градоначалник во буџетот исто така има предвидено средства за тековно одржување на уличното осветлување?
Зошто вашиот градоначалник нема издадено ниту еден налог за поставување на лед светилки со што на годишно ниво во буџетот само од овие светилки се заштедува 35% од вкупната сума“, истакнува Георгиевски.