Георгиевски: Секој македонски Бугарин гордо го носи името на „Иван Михаилов“

од Илинка Илиоска
190 прегледи

Љупчо Георгиевски, претседателот на избришаниот бугарски културен клуб „Иван Михаилов“ од Битола во емисија на бугарската телевија откри дека Бугарите во Битола преку новорегистрираната невладина организација „Една роза“ имаат намера да презентираат книги и го проучуваат нивното културно и историско наследство, па почнаа со Чернодрински и култната драма „Македонска крвава свадба“.

„Иако се жалиме на бришењето на клубот и знаеме дека законот е репресивен, ние го почитуваме, а нашите права ги бараме во судот во Република Северна Македонија, а потоа ќе ги бараме и во судот во Стразбур, рече Георгиевски во емисијата „Брисел 1“.

Тој ја отцени како лажна неодамнешната пријава до обвинителството дека бугарскиот клуб во Битола работи и покрај неговото бришење која ја покрена потпретседателката на македонското собрание Весна Бендевска.

Таа претходно како претседателка на Комисијата за заштита од дискриминација го иницираше бришењето на клубот „Иван Михаилов“ од Централниот регистер . Георгиевски тврди дека е пред нова пријава врз основа на лажна изјава на службено лице.

„Направивме презентација на фототипското издание на книгата „Македонска крвава свадба“, каде беа прочитани извадоци во кои хероината на прашањето што е, вели дека била Бугарка. Ако во Северна Македонија на глас читаме вакви пишувања на нашите преродбеници, кои се слават во двете земји, ни се закануваат на суд за говор на омраза, ксенофобија итн.“, изјави Георгиевски и за Бугарија ON AIR.
Бендевска го поврзува настанот со тврдењата дека Чернодрински е бугарски преродбеник, а драмата „Македонска крвава свадба“ дел од бугарското културно наследство.

Георгиевски ги отфрли обвинувањата како неосновани и ги оцени како лажни. „Направивме презентација на фототипското издание на „Македонска крвава свадба“, каде беа прочитани извадоци. Во еден дел хероината вели дека е Бугарка. Ако во Северна Македонија гласно читаме вакви пишувања на нашите преродбеници, ни се закануваат со суд за говор на омраза и ксенофобија,“ изјави тој за Бугарија ON AIR.

Тој ја повтори и својата изјава од пред една година: „Ние сме избришани, но не сме победени. Клубот ‘Иван Михаилов’ го нема во регистрите, но постои во срцата на секој македонски Бугарин.“

Од друга страна, Весна Бендевска, потпретседателка на Собранието и претходно претседателка на Комисијата за заштита од дискриминација, тогаш го оцени настанот организиран од „Една роза“ како провокација.

„Се обратив до Основното јавно обвинителство во Битола за да прашам дали државните институции можат да го забранат дејствувањето на здружението со фашистичко име. Доколку има индиции, веднаш ќе поднесам кривична пријава против Љупчо Георгиевски,“ изјави таа.

Бугарскиот културен центар „Иван Михаилов“ беше избришан од Централниот регистар во март 2023 година по одлука на тогашниот министер за правда Кренар Лога. Одлуката беше донесена врз основа на негативно мислење од Комисијата за употреба на имиња, која оцени дека именувањето на здружението претставува провокација за националните чувства на македонскиот народ.

Слични содржини