Георгиевски: Со соработка помеѓу локалната и извршната власт ќе се отстранат дивоградбите во Охрид

од Andreja Salpe
307 прегледи

Само преку заедничко делување на локалната и централната власт ќе може да ја оствариме нашата заедничка цел, а тоа е зачувување на Светското природно и културно наследство на Охридскиот регион. Тоа на својот статус на социјалните мрежи го истакна градоначачлникот на Охрид, Константин Георгиески.

Георгиески изрази задоволство по однос одлуката на Владата да го задолжи Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта „Македонија пат” да и отстапи на Оптшина Охрид дел соодветна механизација за спроведување на мерките за отстранување на дивоградбите од крајбрежјето на Охридското Езеро.

Според Георгиески, таквата одлука ќе придонесе за интензивирање на активностите за отстранувањето на бесправно изградени објекти во Охридскиот регион, со приоритет на крајбрежјето како и на дивоградбите посочени од страна на Националниот парк „Галичица”.

Општина Охрид изминатата седмица продолжи со отстранување на бесправно изградените објекти и урбана опрема на плажите на Охридското Езеро. Со механизација де отстрануваа платофрми и урбана опрема на потегот од крајбрежјето после хотелот „Метропол” кон Лагадин.

Најавено беше дека активностите за уривање ќе ги опфатат физичките или правните лица кои имаат добиено Решение за отстранување на бесправно изграден објект/градба и истите не постапиле во согласност со издадените решенија од страна на градежните инспектори при Инспекторатот на Општина Охрид.

Слични содржини