Началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валериј Герасимов изјави дека „специјалната воена операција“ ќе продолжи и дека украинските вооружени сили се принудени да „крпат дупки“ на фронтот.
„Имплементацијата на задачите од специјалната воена операција од страна на Заедничката група трупи ќе продолжи со офанзивни операции. Денес ќе ги разјасниме задачите на групите трупи во упатствата за есенскиот период“, нагласи Герасимов, соопшти руското Министерство за одбрана, објави Интерфакс.
Тој нагласи дека во моментов стратешката иницијатива е целосно во рацете на руските трупи.