Герасимовски и советниците на СДСМ во Центар нема да поддржат донација за изградба на црква во Берлин

од Milan1
78 прегледи

Советот на Општина Центар во среда треба да донесе одлука дали Општината ќе донира средства за изградба на црква на МПЦ во Берлин. Барањето на МПЦ стигнало до градоначалникот Горан Герасимовски, а тој го проследил до советот како точка на дневен ред.

Градоначалникот Герасимовски соопшти дека тој и советниците на СДСМ нема да гласаат за донацијата, а законска обврска е секое барање за донација да се стави на гласање.

– Во врска со реакциите за предложената точка на дневен ред за донирање на финансиски средства на ,,Македонска православна епархија за Европа – Берлин, апелирам граѓаните да не подлегнуваат на инсинуации и шпекулации. Моја законска обврска е барањето да го проследам до Советот. А став на советниците на СДСМ и мој личен став е дека нема да поддржиме проекти од буџетот на општина Центар кои не се во интерес на граѓаните на општината, напиша Герасимовски на својот Фејсбук профил.

Слични содржини