Герасимовски: На класен час секој понеделник ќе се разговара за врсничко насилствo

од Milan1
22 прегледи

Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски во изјава за Телма потенцираше дека со донесените препораки за забрана за користење мобилни телефони за време на наставата ќе се зголеми квалитетот на образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар.

„Крајот на минатата година заедно со секторот Образование по одржување на неколку состаноци, вклучувајќи ги наставниците, директорите, но и родителите видовме дека има потреба од воведување неколку препораки во делот на подобрување на училишниот процес. Прва препорака е забрана за користење на мобилни телефони, од почнување до завршување на часовите. Тоа е само една од препораките, во наредниот период ќе излезат и други препораки се со цел да го подобриме начинот на функционирање во нашите училишта, една од причините и сето она што го гледаме со „Tik Tok“ и повредување на учениците“, рече Герасимовски.

Герасимовски информираше дека се воведуваат и други мерки, како поголема контрола на наставниот кадар за време на големите одмори, во училиштето и во училишните дворови, поголем број разговори со учениците.

„На првиот класен час, секој понеделник да се одвои повеќе време од страна на наставниците и класните раководители кадешто ќе се разговара со децата во делот на врсничкото насилство, во делот на сето она што се случува во училиштето и образовниот процес“, посочи Герасимовски.

Слични содржини