Герасимовски најави хортикултурно и партерно уредување на потегот од Зеленото пазарче до улица „Македонија“

Рокот за целосно завршување на уредувањето е мај 2026 година. 

од Бисера Трајковска
6 прегледи

Во вториот мандат се почнува со хортикултурно и партерно уредување на потегот од Зеленото пазарче до ул. „Македонија“, најави кандидатот за втор градоначалнички мандат за Центар Горан Герасимовски.

-Поставуваме нова изолација за спречување на течење на вода во подземните гаражи, а целата површина ќе добие нови плочки, зеленило на 2.400 квадратни метри, модерно ЛЕД осветлување и урбана опрема. Поставуваме и нови детски реквизити, кошаркарско игралиште со нова подлога и систем за наводнување. Нема пробивање на нова улица, рече Герасимовски.

Како што посочи, просторот ќе биде ограден и разубавен, зелен, достапен и отворен за граѓаните.

Рокот за целосно завршување на уредувањето е мај 2026 година.