Во пресрет на новата учебна година, Општина Центар спроведува целосна реконструкција на тоалетите во Општинското основно училиште „Гоце Делчев”. Градоначалникот Горан Герасимовски го посети училиштето и информираше за напредокот на работите за реконструкцијата што опфаќа нова санитарија и керамика, модерно уредување на просториите со цел обезбедување максимални стандарди за хигиена.
„Тоалетите во „Гоце Делчев” за првпат се реконструираат после повеќе од 10 години, работиме со забрзана динамика. На долниот кат се обновува водоводната мрежа, четири тоалети целосно се реновираат. Наш приоритет е создавање современи, безбедни и хумани услови за сите ученици. Тоалетите целосно се обновуваат, а со оваа реконструкција покажуваме дека посветено се грижиме за нивната иднина и секојдневие. Само вака можеме да им обезбедиме на учениците средина во која ќе се чувствуваат почитувани и мотивирани”, вели Герасимовски.
Вложувањето во образованието и грижата за учениците се еден од клучните приоритети на Општина Центар, додаваат оттаму.